ГРАЃАНИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ ОТКРИВААТ: Колку се корумпирани нивните Влади!
Според луѓето кои живеат во соодветната земја, Литванија е најкорумпирана земја во светот. Вака гласи истражувањето на "Галуп интернешнл" кое е спроведено во речиси 40 земји.
Резултатот од истражувањето наведува дека Балтичките земји се оние со најкорумпирани влади, барем што се однесува до чувството на луѓето во овие земји.
Најниско е чувството за присуство на коруптивните практики во Шведска, каде само 14% од населението, претполагаат дека владата им е корумпирана.
Меѓу земјите со најниско чувство за корумпираност се уште Данска и Швајцарија, каде соодветно 19 и 25 проценти од испитаниците изјавиле дека и дозволуваат на владата да врши такви злоупотреби.
46 проценти од Британците и 55 проценти од Јапонците велат дека според нив Владата на нивмата земја е корумпирана.
Цели ¾ од граѓаните на САД, барем според истото ова истражување, исто така се на мислење дека корупцијата е практика на власта во нивната земја.
Високо е и чувството за корупција во Португалија - 86% од Португалците сметаат дека Владата им ја злоупотребува својата моќ за да профитира.
Истражувањето на "Галуп интернешнл" не е спроведено кај нас. Тоа не е спроведена и во други земји каде што по традиција се забележуваат високи показатели за корупција.
Извори: Gallup; Independent.
