Граѓаните на Чиле трошат струја за нула денари
Во Чиле цената на електричната енергија е 0, и истата се задржа на ова ниво 113 дена по ред.
Ова е поради моќните соларни електрани кои целосно ја снабдуваат земјата со електрична енергија. Сончеви денови во изминатиот период имаше многу и затоа имаше и големо производство. Ваквото производство придонесе граѓаните да трошат струја што повеќе за да не се преоптовари системот за пренос, а притоа не плаќаат ништо.
Во Чиле лани цената на струјата беше 0 вкупно 192 дена. Годинава се очекува овој рекорд да биде надминат. Ова е повеќе од добредојдено за домаќинствата и индустријата која зависи од електрична енергија.
Но, тоа не е случај и за сопствениците на централите, кои сепак треба да плаќаат за одржување на системите за производство. Бидејќи немаат профит, одржувањето на електраните е чиста загуба за нив. Системите со тек на време ќе треба да се заменат со нови, што исто така бара вложувања.
