ГРАФИКА: Најрастечките градови во последните 60 години
Повеќе од половина од светското население денес живее во градовите, додека кон 1955 година процентот беше малку над една третина. Се очекува овој процент да порасне до две третини до 2050 година.
Во моментов околу половина од сите градски жители живеат во градови со помалку од 500 000 луѓе. Само еден на секои осум живее во еден од т.н. мегаградови кои се со население повеќе од 10 милиони луѓе.
Профилот на најголемите градови во светот се променил значително во последните 60 години, пишува Business Insider.
Графиката ги покажува градовите со најголемо население во 1955 година и како се менува рангирањето во 2015 г . :
И во двете листи Токио е на врвот, додавајќи 25 милиони луѓе кон населението за шеесетите години од 1955 до 2015 година.
Сепак тука завршуваат сличностите. Во 2015 година рангирањето е доминирано од градови лоцирани во земји со новите пазари како Индија, Кина, Бразил, Мексико и Египет.
Зголемувањето на населението во сите градови, исто така треба да се напомене: само два града во 1955 година биле со над 10 милиони луѓе, додека во 2015 година во првите осум градови од рангирањето населението надминува 20 милиони луѓе.
Обработка: К.К.
Извор: Business Insider


