Графика на денот: Кој и каде владее во Сирија
Во понеделникот пред Генералното собрание на ОН ќе зборуваат лидерите на државите, клучни за решавање на сириската криза, за земјата во која од 2011 година се прогонети милиони луѓе зад нејзините граници.
Барак Обама, Владимир Путин, Хасан Рухани, Франсоа Оланд, јорданскиот крал Абдула II и кинескиот претседател Си Цзинпин, чија земја е една од петте со право на вето во Советот за безбедност, се очекува да влијаат на темата за терориризмот, „Исламската држава“, легитимитетот на режимот на Башар ал Асад и руското воено присуство.
Во доцните часови денеска треба да се одржи и првиот состанок за преговорите помеѓу Обама и Путин на маргините на јубилејната 70-та сесија на светската организација.
Но, кој и како го контролира реално теренот во Сирија?
Според различни извори Асад едвај владее повеќе од една четвртина од територијата и неговата армија, кое Владимир Путин го нарече „единствената легитимна воена сила во земјата“, се состои повеќе од единици на десетици војската, лојална на режимот, отколку од монолитна и дисциплинирана структура. Освен тоа судирите помеѓу силите на Дамаск и „Исламската држава“ се само мал дел од судирите во сириските фронтови.

