ГРАФИКА: Кој работи најмногу, а кој е најпродуктивен!?
Грците имаат најдолги работни денови во Европа, а по нив се Русите. За контраст - Германците се меѓу Европејаните, кои најрано го завршуваат работното време.
Просечно Грците работат по 2 042 часа годишно, покажува листа на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Русите ги следат со 1 985 часа, а Германците - само 1 371 часа. И додека Грците имаат речиси 42-часовна работна недела, германската работна недела е во просек од само 35,3 часа.
Но, тоа не е охрабрувачки ниту за Грција, ниту за Русија. Бидејќи во однос на продуктивноста ситуацијата е сосема поинаква. Измерено врз основа на тоа колку точно придонесува секој работен час кон бруто домашниот производ, тогаш Русија со 25,9 долари е на последно место во Европа. Грција, со своите 36,2 долари, е малку понапред.
За споредба - во Германија за час во просек се изработуваат стоки или услуги за просек од 62,3 долари. На овој начин федералната република е со над просекот на нивото од ЕУ од 50 долари. Најнапред по продуктивност е Луксембург со 95,9 долари, додека Белгија е на второ место во своевидното рангирање со 66,5 долари.
Фактот дека Грците не се особено ефективни на работа, може да се објасни со неколку причини. За пониската продуктивност "вина" носат, на пример, лошата организација на работниот процес, помалку опрема или лошата состојба на јавната инфраструктура. Освен тоа, во Грција и широко распространетата бирократија ја ограничува силно продуктивноста на претпријатијата, вработените и самовработените.
Обработка: К.К.
Извор: OECD


