Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДОВИ СО НАЈДОБАР КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ: Место во Франција е прво на листата

ГРАДОВИ СО НАЈДОБАР КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ: Место во Франција е прво на листата

Францускиот град Гренобл е со најдобар квалитет на живот во светот. 

Земени предвид се од гастрономски понуди до стапката на криминал. Новиот „Глобален индекс за градовите“ на „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics) содржи нова топ-10 листа врз основа на шест показатели: очекуван животен век, приход по лице, еднаквост на приходи, рекреација и културна понуда, интернет-брзина и трошоци за домување.

Според овие критериуми, Гренобл е прв на листата.

На второто место е Канбера – главниот град на Австралија, што воедно е и единствениот неевропски град во првите десет. 

 Топ-10 списокот изгледа вака: 

– Гренобл, Франција;

– Канбера, Австралија;

– Берн, Швајцарија;

– Берген, Норвешка;

– Базел, Швајцарија;

– Луксембург, Луксембург;

– Рејкјавик, Исланд;

– Цирих, Швајцарија;

– Гент, Белгија;

– Нант, Франција. 

Слично

Поврзани вести