ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕЛИ ПЛАЖАТА Е БЕЗБЕДНА: Две ајкули пливаат во плитко во Шпанија
Ајкули пливаа во близина на плажа во Шпанија. Тие влеваат страв кај туристите и локалните жители. Две сини ајкули пливаа во плиткото крај плажата Портбу во каталонскиот регион, пренесува Утриски лист.
„Плажата Портбоу е сосема безбедна. Сините ајкули често се забележуваат на плажите во општината, бидејќи тие се автохтони во областа“, рече градоначалникот Гаел Родригез, а пренесува Дејли мејл. На три плажи е забрането пливање поради присуството на ајкули. Сината ајкула ретко ги напаѓа луѓето. Таа може да порасне до четири метри, да тежи повеќе од 200 килограми, а е вклучена и во листата на загрозени животни.
