Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Лавов: Руски ракети ја погодија областа околу аеродромот во Лавов (ФOTO)

Градоначалникот на Лавов: Руски ракети ја погодија областа околу аеродромот во Лавов (ФOTO)

Руски ракети денеска ја погодија областа на аеродромот во Лавов, украински град недалеку од границата со Полска, изјави градоначалникот Андриј Садовиј.

„Проектилите ја погодија областа на аеродромот во Лавов“, напиша градоначалникот на Фејсбук.


Тој додаде дека зградата на аеродромот не била директно погодена во нападот.

Медиумите претходно објавија дека над зоната на аеродромот може да се забележат облаци од чад.


Руските сили во неделата бомбардираа воена обука во близина на Лавов. Градот е поштеден од конфликт од почетокот на рускиот напад


фото: принтскрин Твитер


Слично

Поврзани вести