Градоначалник го повика Бајден да ја бомбардира Куба како што тоа го направи Клинтон врз Југославија
Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез го повика американскиот претседател Џо Бајден да ја бомбардира Куба, како тоа што го направи екс претседателот Бил Клинтон врз Југославија.
Го повика Бајден, да ја искористи воената опција и да реализира воздушни напади за поддршка на антикомунистичките протести во Куба. Суарез (43), адвокат роден во Мајами, чиј татко емигрирал од Куба, за Фокс њуз изјави дека Бајден треба да разгледа воена опција.
„Она за што треба да мислиме сега е коалиција на потенцијални воени акции во Куба, слично на она што се случи порано кога републиканците и демократите беа на власт. Мислам на инвазијата на Панама, која беше извршена под администрација на Џорџ В. Буш и бомбардирањето на Југославија за време на војната во Косово во 1999 година. Тoj го собори Нориега и таа земја имаше мирна демократија со децении, а претседателот Бил Клинтон спречи хуманитарна криза во Косово“, рекол Суарез.
Потоа градоначалникот сакал да ја повлече претходната изјава, коментирајќи за дневниот весник „Мајами хералд“, дека не е за бомбардирање затоа што не е воен експерт.
Владата на Куба информираше дека еден човек починал на антивладините протести, додека групите за човекови права велат дека биле уапсени повеќе од сто луѓе. Според Владата, 36 годишен маж починал во понеделникот за време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата во предградие на Хавана.
Демонстрантите се бунтуваат против недостигот на храна, високите цени, проблемите со напојувањето со електрична енергија и начинот на кој Владата се справува со пандемијата.
Главниот град на Куба е под силно полициско обезбедување од вторникот, два дена откако во делови од земјата избија најголемите антивладини демонстрации во последните неколку децении.
