Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАД ВО ПЛАНИНСКИ РЕГИОН ВО ТУРЦИЈА: Студот ги згасна надежите дека под урнатините има живи луѓе

ГРАД ВО ПЛАНИНСКИ РЕГИОН ВО ТУРЦИЈА: Студот ги згасна надежите дека под урнатините има живи луѓе

Во турскиот град Елбистан состојбата е катастрофална по силниот земјотрес. 

Ниските температури во Елбистан, кој се наоѓа во планинскиот регион во југоисточна Турција, ги намалуваат шансите спасувачите да најдат преживеани луѓе под урнатините. Граѓаните се обидуваат да спасат што можат, пишува Ројтерс.

Четворица членови на едно семејство се качиле на куп урнатини, каде се обидуваат да ги спасат своите лични работи.

„Сакаме само да земеме храна“, рече Билал Болукбаси, таткото.

Жителите низ целиот град шетаат со кренати мобилни телефони, обидувајќи се да снимат што останало. Савас Карабулут, сеизмолог од Техничкиот универзитет во Гебзе вели дека се прави проценка на штетите за да се подготви извештај.

Со проучување на урнатините, групата сака да утврди дали некои од поновите згради се изградени без да бидат усогласасени со законските стандарди. Досега се идентификувани 131 лице осомничени дека се одговорни за уривањето на некои од илјадниците згради срамнети со земја во десет провинции погодени од земјотресите.

Во Турција и Сирија има над 36.000 загинати луѓе. 

Турција повторно се тресе. Земјотрес имаше во градот Османлија. 

Спасувачи од многу земји се на терен, но имаше и инциденти, напади, кражби. 

Слично

Поврзани вести