Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град наплаќа данок од мештаните поради врнежите од дожд

Град наплаќа данок од мештаните поради врнежите од дожд

Граѓаните на еден град во рускиот регион Перм биле непријатно изненадени кога забележале дека градот им наплаќа данок поради дождот.


Информацијата почнала да се шири откако еден човек забележал дека дополнително му е наплатен месечниот надоместок за помош, кој тука редовно се плаќа.

На сметката пишувало дека данокот бил за канализацијата, односно за дождот кој од крововите се сливал во канализацијата.

Мештаните се побуниле против ваквиот данок, но не добиле дополнителна информација дали тој ќе се укине или пак дали ќе го плаќаат во текот на целата година или само во дождливите периоди.

Слично

Поврзани вести