Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град ги уништи скапите лозја во Франција

Град ги уништи скапите лозја во Франција
Врнежите од град летово им нанесоа катастрофални штети на најелитните лозови насади во францускиот вински регион Бургундија. Во некои од насадите во сопственост на производители на скапото бургундско вино се уништени и до 70% од лозјата, соопштува АФП. Бурите нанеле големи штети во најпознатите вински региони, вклучувајќи го и Кот де Бом, Волне, Помар и Савини ле Бон. „ Ова е катастрофа, некои од садниците никогаш нема да се повратат. Загубите се движат од 30-40% до речиси 70% ", изјави за агенцијата шефот на винарското здружение Тибо Абер. Според него нанесените штети на лозовите насади ќе имаат ефект најмалку во наредните три години. Агенцијата не коментира до кој степен штетата врз лозјата ќе влијаат на производството на легендарното француско бургундско вино.
Слично

Поврзани вести