Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град бара 736.200 евра од Меркел - што треба да плати?

Град бара 736.200 евра од Меркел - што треба да плати?

Германскиот град Фреиберг бара од канцеларката Ангела Меркел да плати 736.200 евра поради товарот кој го имале со бегалците. 

Градоначалникот Свен Круегер оваа сметка ја испратил до Меркел поради приемот на 1700 бегалци лани и нивното згрижување. 

Тој вели дека иако канцеларката ветила дека нема да има качување на даноци и расфрлање со пари, сепак тој смета дека не може овие средства да бидат на товар на локалната власт. 

Градот е на граница со Чешка, има 42.000 жители, но прими голем број бегалци. 

Градоначалникот вели дека со нив живеат 1700 бегалци и баратели на азил, што е 4% од населението. 

Тој вели дека треба да има дебата за трошоците кои ги трпат општините поради бегалците. 

Слично

Поврзани вести