Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАБЕЖ НА ВЕКОТ НА НАЈПРОМЕТНИОТ АЕРОДРОМ! Никој не забележа дека недостигаат 1,6 тони злато вредно над 100 милиони долари?!

ГРАБЕЖ НА ВЕКОТ НА НАЈПРОМЕТНИОТ АЕРОДРОМ! Никој не забележа дека недостигаат 1,6 тони злато вредно над 100 милиони долари?!

Златото вредно 100 милиони долари е украдено од најпрометниот аеродром во Канада, а полицијата го истражува грабежот на векот.

Кралската канадска коњичка полиција (RCMP) потврди дека го истражува грабежот на канадскиот век на меѓународниот аеродром Пирсон во близина на Торонто. 

Медиумите засега не можат да добијат детални информации за овој случај од аеродромот.

 Весникот „Торонто сан“ претходно денеска објави дека се украдени повеќе од 1.600 килограми злато што се наоѓало на аеродромот, нагласувајќи дека според неименуван полициски извор, кражбата е поврзана со организиран криминал, пренесува „Мондо.рс“.

„Сè уште се обидуваме да добиеме прецизни информации за грабежот“, рече портпаролот на RCMP, одбивајќи да потврди колку злато е украдено. Според сегашните цени, повеќе од 1.600 килограми злато вреди околу 105 милиони долари.


Фото: Принтскрин/Твитер


Слично

Поврзани вести