Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОТОВИ ДНК РЕЗУЛТАТИТЕ: Дали конечно е пронајдена „малата“ Меделин?

ГОТОВИ ДНК РЕЗУЛТАТИТЕ: Дали конечно е пронајдена „малата“ Меделин?

Полјакината која во изминатите месеци се најде во центарот на вниманието на европската и светската јавност бидејќи тврдеше дека е исчезнатото девојче Медлин МекКен, конечно ги доби резултатите од ДНК тестот, пренесуваат светските медиуми.

Јулија Фаустина, која се претставува и како Јулија Вендел, пред неколку месеци излезе во јавноста со тврдења дека таа е Британката МекКен која исчезна од португалско одморалиште во 2007 година.

Нејзината портпаролка Фиа Јохансон денеска на официјалниот Инстаграм профил го објави резултатот од тестот за родителство.

„Иако е невозможно да се каже со сигурност без ДНК резултатите на родителите од двете страни, резултатите од тестот зборуваат за потеклото на корените на Јулија. Тестот откри дека таа е 100 отсто Полјачка во срцето, со незначително литванско и руско влијание. Резултатите од ДНК тестот не покажаа никаква поврзаност со британските, па дури и со германските корени“, рече таа, како што пренесува Sky News Australia.

Да потсетиме, Полјакината излезе во јавноста бидејќи не знаеше за сопственото потекло, тврдејќи дека и самата имала трауматични искуства во детството и дека не е сигурна дека навистина е крвно поврзана со семејството со кое живее. 

МекКен исчезна како тригодишно дете за време на семеен одмор во Португалија во 2007 година, но случајот до сега нема добиено епилог.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести