Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИ ВО ГЕРМАНИЈА: Евакуирани се три села

ГОРИ ВО ГЕРМАНИЈА: Евакуирани се три села

Шумскиот пожар југозападно од Берлин се прошири на терен од околу два квадратни километри, a се слушаат и детонации од гранати останати од Втората светска војна.


Поради опасност од огнот, но и од бомбите, евакуирани се 500 луѓе од три села во регионот Тројенбрицен, на 50-тина километри од градот Берлин.

Повлечени се луѓето од Фронсдорф, Клаусдорф и Тифенбунен. 

Претходно, кога гореше шума кај Берлин, надлежните мораа да употребат тенк за да се пробијат низ минираниот терен.

Огнот се гасне со хеликоптери и водени топови.

Пожарот избувна вчера попладне и брзо се раширил поради ветрот, заканувајќи им се на трите села, а чадот стигнал до Берлин, каде што граѓаните во некои населби беа замолени да не ги отвораат прозорците.

Повеќе од 300 пожарникари се обидуваат да ги соборат дрвјата и да направат засеци во шумата за да го спречат ширењето на огнот.

Од изутрината се затворени и неколку патишта, а чадот за сега не го загрозува авиосообраќајот во Берлин.

Слично

Поврзани вести