Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИ СКЛАДИШТЕ СО НАФТА ВО РУСИЈА „Украина нѐ нападна со хеликоптери“ (ВИДЕО)

ГОРИ СКЛАДИШТЕ СО НАФТА ВО РУСИЈА „Украина нѐ нападна со хеликоптери“ (ВИДЕО)

Регионалниот гувернер на рускиот град Белгород, Вјачеслав Гладков, ја обвини Украина за напад на складиштето за нафта во градот.

Според социјалните мрежи, два украински хеликоптери Ми24П кои летале со низок лет над целата територија на Донбас нападнале со невидени проектили и ракети PO складиште за нафта во областа Белогород.

Гладков на својот профил на Телеграм рече дека пожарот, кој избувна во петокот наутро, бил предизвикан од воздушни напади на два украински хеликоптери.


Тој претходно изјави дека две лица се повредени, но дека нивните животи не се загрозени. Жителите на околните улици беа евакуирани додека пожарникарите го изгаснаа огнот, рече тој.

Ова се нови обвинувања од руска страна кон Украинците за напад на територијата на Русија.

Да потсетиме, Русија пред два дена ја обвини Украина за напад на складиште за оружје во истиот град. Белгород се наоѓа северно од границата со Украина.

Украина не презеде одговорност за ниту една од експлозиите.


Слично

Поврзани вести