ГОРИ НАФТЕНАТА СТРУКТУРА НА ЈЕМЕН, ИЗРАЕЛ БРУТАЛНО СЕ ОДМАЗДИ: Ова се сцените од пристаништето Ал Худаида! (ВИДЕО)
Израелски борбени авиони Ф-35 Адир го нападнаа јеменското
пристаниште Ал Худаида, со што и формално започна одмаздата против јеменските
Хути за нападот врз Тел Авив пред два дена.
Станува збор за шест борбени авиони Ф-35 Адир од 5-та генерација и воздушен танкер KC-707. Ф-35 летаа од правец на Елиат, веројатно домашната база Неватим.
Сајтовите блиски до јеменските Хути го вклучија алармот неколку часа пред нападот објавувајќи неколку видеа на кои наводно се гледаат израелски борбени авиони како летаат над Црвеното Море придружени со израелски воздушен танкер.
Yemen's oil infrastructure burning
— Dr. Eli David (@DrEliDavid) July 20, 2024
They shouldn't have sent that f*cking drone to Tel Aviv.
pic.twitter.com/hT3MsOK0TS
Во текот на ноќта од четвртокот кон петокот, Израел беше нападнат од беспилотно летало камиказа, најверојатно од типот Самад-3, кое прелета над 2.000 километри пред да падне на Тел Авив, при што загина еден, а рани 10 минувачи.
Израел вчера одлучи дека е време да се одмазди, имајќи предвид дека цели седум месеци се воздржуваше да одговори на јеменските Хути, кои го гаѓаа јужниот пристанишен град Елиат со крстосувачки ракети и беспилотни летала камикази. Нападот на Тел Авив дојде од правец на Средоземното Море, а не од Црвеното Море како што беше претходно.
