Гори на Крим - оштетен е мостот кој Путин го пушти во употреба
Гори на Крим. Мостот Керч од Русија до Крим е сериозно оштетен од голема експлозија на делот за железнички сообраќај. На мостот гори воз со цистерни за гориво, а паднат во водата е дел од мостот за патнички сообраќај.
Кримскиот мост, кој ги поврзува Краснодар во Русија со Крим, почна да се гради по анексијата на Крим во 2014 година. Рускиот претседател Владимир Путин го отвори во 2018 година.
„Сè што е нелегално мора да биде уништено, сè што е украдено мора да се врати во Украина, сè што е окупирано од Русија мора да биде протерано“, пишува Михајло Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Летово украинската армија изведе напади на Крим. Украина не се откажува од своите територии. Денеска е 227 ден од почетокот на војната во Украина.
