Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИ НА КИПАР: Луѓето се евакуираат, државата бара помош

ГОРИ НА КИПАР: Луѓето се евакуираат, државата бара помош

Голем пожар беснее на Кипар, а евакуирани се населени места.

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека испраќаат два канадери.

Пожар избувна во близина на градот Пафос во западниот дел на Кипар, нанесувајќи штета на домови и превентивно беа евакуирани неколку населени места, а и покрај интервенциите од копно и воздух, огнените јазици засега се вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е во непрооден дел, гори сува трева, ниска вегетација и дрвја. Како што кажа портпаролот на противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, државата побарала помош со воздушни средства од Јордан, Израел, Грција и механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

В0 2021 година, неколку земји помогнаа Кипар да се справи со пожарите. 

Голем шумски пожар имаше на Кипар во 2016 година. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести