Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИ ИНДУСТРИСКОТО СРЦЕ НА УКРАИНА - Русите на чекор до освојувањае на Севернодоњекц

ГОРИ ИНДУСТРИСКОТО СРЦЕ НА УКРАИНА - Русите на чекор до освојувањае на Севернодоњекц

Руското гранатирање предизвика голем пожар во хемиска фабрика во Северодоњецк додека во градот беснеат непрестајни борби, пишува „Н1“ повикувајќи се на Си-Ен-Ен. 

Гувернерот на регионот, Сергеј Хајдај за украинската телевизија изјави дека пожарот во фабриката Азот избувнал во саботата откако десетици тони нафта истеколе од оштетените радијатори. 

Украинските власти проценуваат дека околу 800 цивили се кријат во подземни засолништа за бомби во хемиската фабрика. 

Претседателот Зеленски повторно побара повеќе оружје, поради страв дека неговите војници ќе останат без муниција. Украина соопшти дека нејзините сили презеле територии претходно окупирани од Русија во југоисточните региони Херсон и Запорожје.

Слично

Поврзани вести