„ГОРИ“ БРАТИСЛАВА: Словаците масовно на протести
Словаците излегоа на масовни протести во главниот град. Околу 65.000 демонстранти протестираа во Братислава по оставката на премиерот Роберт Фицо, објави Би-Би-Си.
Tие бараат предвремени избори, стравувајќи дека поранешниот премиер ќе се обиде да ја задржи власта, со оглед на тоа што мандатот на неговата Коалиција навршува по 2020-та година.
Демонстрантите по третпат, излегоа на протести иако вчера поднесе оставка премиерот Роберт Фицо, кого го обвинуваат за раширената корупција.
Тие повикаа и на генерален штрајк.
Слично
