Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИ АВИОН ПОЛН ПАТНИЦИ! Пожар избувнал при слетување на аеродормот во Токио (ВИДЕО)

ГОРИ АВИОН ПОЛН ПАТНИЦИ! Пожар избувнал при слетување на аеродормот во Токио (ВИДЕО)

Авион на Japan Airlines се запали на пистата при слетување на аеродромот Ханеда во Токио. Ова го објави Би-Би-Си без да даде повеќе детали.

Јапонскиот национален медиумски сервис NHK објави снимка на која се гледа како пламенот излегува од прозорците на авионот и под него.


Запалена е и пистата.

Не се познати причините за пожарот и дали има повредени. Снимката од NHK покажува како пожарникарите се борат со пожарот.

NHK, повикувајќи се на властите, соопшти дека авионот можеби се судрил со друг авион по слетувањето во Ханеда. Во авионот има патници.

Исто така, беше објавено дека авионот JAL 516 полетал од Хокаидо.


Јапонски ерлајнс соопшти дека авионот може да превезува повеќе од 300 патници.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести