Горештините уриваат рекорди во Европа и Азија
Европа и Азија деновиве се соочуваат со невообичаенo високи температури, а во многу држави издадени се предупредувања поради горештините.
Во Португалија горештините се предизвикани од топлотниот бран од Сахара. Во оваа земја а претстојниот викенд најавена е температура од 47 степени Целзусови.
Предупредување на опасност од високи температури издадено е и за Шпанија, а под висок ризик од топлотниот бран се 40 од 50 шпански провинции.
Во источна Франција е прогласен портокалов аларм поради високите температури. Според метеоролозите земјата го преживува најжешкото лето од 2006 година.
Во 18 италијански градови денеска е објавен црвен аларм затоа што се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 степени Целзиусови. Предупредување се издадени за Рим, Милано, Џенова, Верона, Венеција и други градови.
Во Полска електроцентралите работат под посебен режим поради зголеменото користење на вентилатори и клима уреди, а во Варшава граѓаните се советувани да не ги напуштаат домовите доколку не мораат.
Австрија поради подолгиот период на суша има проблем во снабдувањето со вода за пиење, и затоа увезува вода.
Од вчера на целиот брег на Јадранско Море е прогласен црвен аларм поради високите температури на воздухот, додека во подрачјето на Загреб – портокалов, а во регионот на градот Осијек е прогласен жолт аларм.
Невообичаено високи температури забележани се и во Азија.
Северна Кореја денска повика на „сеопфатна битка“ против рекордно високите температурио кои се искачија до 40 степен.
Во Јужна Кореја има температури над 39 степени, што можеби се највисоки во последните 110 години, а починаа 29 лица, додека 2.350 се повредени.
Минатиот месец Јапонија беше погодена од топлотен бран, поради кој починаа 116 луѓе.
