ГОРЕШТИНИТЕ ЌЕ „КОСАТ“: Од нив во Европа ќе починат 152.000 луѓе?
Во годините кои доаѓаат се очекуваат се повисоки температури кои можат да бидат фатални.
Ваквите временски услови би можеле да предизвикаат смрт на 152. 000 лица во Европа до 2100 година ако не се направи ништо во врска со климатските промени, велат научниците.
Двајца од три луѓе во Европа ќе бидат погодени од катастрофи до 2100 година што е драстична разлика од 1 од 20 како што беше случајот на почетокот на 21-от век.
Од списанието Лансет Планетари Хелт пишуваат дека топлотните бранови би предизвикале 99% од смртните случаи кои се поврзани со временските услови од кои најпогоден ќе биде јужниот дел на Европа. Од истражувачкиот центар на Европската Комисија предупредија дека доколку не се преземе ништо со намалување на емисиите на штетни гасови, смртните случаи би се зголемиле од 3000 годишно во 2010, до 152,000 во годините помеѓу 2071 и 2100.
Истражувањето опфаќало 7 видови на екстремни временски услови меѓу кои топлотни бранови, шумски пожари, суши и поплави. Тимот разгледувал извештаи на природни катастрофи од 1981 до 2010 и ги споредил овие информации со предвидувањата за напредувањето на климатските промени, зголемувањето на населението и миграциите. Се смета дека емисиите на штетни гасови предизвикани од ефектот на стаклена градина ќе доведат до зголемување на температурите за 3 степени на крајот на овој век споредено со почетокот на 1990 години.
Сепак, експерти од националниот универзитет во Сеул, Северна Кореја велат дека истражувањето можеби е преувеличено. Додаваат дека луѓето лесно се адаптираат на екстремни временски услови поради напредокот во технологијата.
