„Gorenje“ се откажа од производството на мебел
Словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Gorenje“ ги продаде Gorenje- Кујни и Gorenje- внатрешна опрема на меѓународниот приватен инвестициски фонд CoBe Capital. Со што се откажа од сегментот за производство на мебел.
Новиот сопственик ќе продолжи со производството во погоните во Марибор, Велење и Назарје, каде се вработени околу 400 работници. Од „Gorenje“ објаснуваат дека сегментот за производство на мебел не била основна дејност на компанијата, а во овој сегмент последните три години бележеле загуба. Условите за продажба не се објавени.
Од „CoBe Capital“ велат дека во програмата на Gorenje- Кујни, гледаат голем потенцијал за раст и напредување во понатамошно квалитено производство.
Слично
