Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРДОСТА НА РУСКАТА АВИЈАЦИЈА: Украинците соборија Су-34 над Луганск

ГОРДОСТА НА РУСКАТА АВИЈАЦИЈА: Украинците соборија Су-34 над Луганск

Украинците соборија руски Су-34. 

Украинската противвоздушна одбрана вчера собори руски авион Су-34 над Луганската област, објави денеска Андриј Ковалев, портпарол на Генералштабот на Вооружените сили на Украина. Со ова, вкупниот број на соборени руски воени авиони од почетокот на војната изнесува  332. Месецов е соборен и воено-извидувачкиот авион А-50, чие производство наводно чинело 330 милиони долари, како и Ил-22 кој работи како воздушно командно место.

Губењето на авионите во последно време доведе до тоа Русија да ја промени својата воздушна стратегија, намалувајќи го бројот на летови на руските воздушни сили, велат од Институтот за проучување војни (ISW).
Неодамна се случи авионска несреќа на руска територија во Белгород, која остана мистерија и за која деталите не се расчистени. Русија тврдеше дека внатре имало украински воени заробеници, а Украина кажа дека немала таква информација. Во мртовечница биле однесени само пет тела. Руската инвазија на Украина почна пред скоро две години. 

Слично

Поврзани вести