Гордон Браун: Глобалната економија турка кон нова катастрофа
Глобалната економија незапирливо не турка кон следна катастрофа поради слабоста на меѓународните банкарски правила , коментира поранешниот премиер на Велика Британија, Гордон Браун во статија за New York Times.
Според Браун светските лидери се “на одмор" откако колабираше Lehman Brothers во 2008 година и се поиграа со глобалната координација, додава Браун.
Овој коментар доаѓа во момент во кој Европската унија (ЕУ ) продолжува да спори за деталите на идната банкарски унија, а американските законодавци тешко се справуваат со расчистување на банкарскиот сектор и враќање на довербата во него , забележува весникот.
Поранешниот британски премиер ги обвинува светските лидери дека не успеаја во создавањето на меѓународни правила за банкарскиот сектор и наместо тоа презеле дејства во име на националниот интерес, особено што се однесува до регулациите во Европа , Латинска Америка и Азија .
„Недостатокот на политичка експедитивност , неуспехот да се мисли и делува глобално и недостатокот на храброст не туркаат незапирливо кон следната катастрофа" , пишува Браун .
Поранешниот премиер на Островот предупредува исто така дека забавувањето на кинеската економија ќе влијае негативно на целиот азиски регион .
„Ако економијата на Кина се забави, азиските земји ќе имаат двоен удар поради поразот на извозен пазар и растот на цените. Тие се соочуваат со превирања , кои може да преминат во депресија ", дополнува Браун .
Слично
