Економија, финансии, бизнис

Контакт

Горбачов со тешки зборови за односите на Москва и Вашингтон

Горбачов со тешки зборови за односите на Москва и Вашингтон

Светот се приближува кон една многу опасна зона, рече Михаил Горбачов, пренесе РИА Новости. 

Првиот и последниот претседател на Советскиот Сојуз го прокоментира влошувањето на односите меѓу Москва и Вашингтон.

- Не сакам да давам совети, но сакам да кажам, време е да престанеме со создавање на тензии. Дијалогот беше прекинат и тоа е најголемата грешка, рече тој.

Според него, Русија и САД треба да продолжат со билатералните преговори за такви важни теми како што се намалување на нуклеарните арсенали, борбата против тероризмот и заштитата на животната средина.

- Поради овие предизвици, се друго треба да остане во втор план, убеден е Горбачов.


Слично

Поврзани вести