Горбачов се прости од Буш. Денешните лидери не се ни блиску до она што овие двајца го направија своевремено
Михаил Горбачов, последниот советски лидер, му оддаде признание на Џорџ Буш постариот, неговиот своевремен претседател на САД кој денеска почина, а со кого заедно ја окончаа Студената војна
"Ние работевме заедно со години на големи промени. Тоа беше драматичен период кој бараше огромна одговорност од сите", рече последниот лидер на СССР.
Горбачов го поздрави придонесот на Џорџ В. Буш за непречен крај на Студената војна по распадот на Советскиот Сојуз.
41-иот претседател на САД го напушти животот во зори на возраст од 94 години.
Во 1991 година, Буш и Горбачов го потпишаа договорот СТАРТ1, кој ги ограничи нуклеарните арсенали од Вашингтон и Москва. Договорот, кој стапи во сила три години подоцна, предвидуваше дека секоја земја има право да има до 6.000 нуклеарни боеви глави и 1.600 лансирни возила.
"Многу од моите сеќавања се поврзани со него, работевме заедно во години на големи промени. Тоа беше драматичен период кој бараше огромна одговорност од сите", рече Горбачов.
87-годишниот поранешен лидер на Источниот блок забележа дека Буш придонел за крајот на Студената војна и трката во вооружувањето, што резултирало со намалување на нуклеарното оружје.
"Му оддавам почит на придонесот на Џорџ Буш за ова историско достигнување. Тој беше вистински партнер", додаде господинот Горбачов.
