„ГОРБАЧОВ САКАШЕ ДА ВЕРУВА ВО „РОМАНТИЧНИОТ ПЕРИОД“ СО ЗАПАДОТ НО ТОА НЕ СЕ СЛУЧИ“: Путин изрази сочувство, се огласи и Песков
Михаил Горбачов
беше политичар кој имаше огромно влијание врз светската историја, се вели во
писмото со сочувство на рускиот претседател Владимир Путин, објавено од Кремљ.
Првиот и последниот претседател на СССР сфати дека се неопходни реформи и се обиде да понуди свои решенија за итните проблеми, додаде рускиот претседател.
Владимир Путин, исто така, ги истакна социјалните, добротворните и образовните проекти што Горбачов ги спроведуваше во последните години.
Набргу по веста за смртта на Горбачов, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин ќе испрати телеграма со сочувство до неговото семејство и пријателите.
Михаил Горбачов искрено сакаше да верува дека Студената војна ќе заврши и ќе пристигне вечен „романтичен период“ со колективниот Запад, како што го нарекуваме, но тоа не се случи, рече Дмитриј Песков.
ФОТО: EPA/YURI KOCHETKOV