Горбачов не ја исклучува можноста студената војна да премине во „врела“!
САД веќе ја вовлекоа Русија во студена војна, но не е исклучено Америка да се осмели да направи чекор кон вистинска војна, изјавил поранешниот претедател на СССР Михаил Горбачов.
„Денеска од Америка и Европската унија може да се слушне само за санкциите кон Русија. Зарем тие сосема ја изгубиле главата? Америка се „изгуби во џунглата“ и нас сака таму да не вовлече“, изјавил Горбачов за „Интерфакс“, пренесува руска реч.ру.
„А ако работите ги наречеме со вистински имиња, таа нас веќе не вовлече во нова студена војна, обидувајќи се отворено да ја реализира својата општа идеја за доминација. А каде ќе не однесе сето тоа? Студена војна веќе отворено се води. И што понатаму: За жал, повеќе не можам самоуверено да тврдам дека студената војна нема да прерасне во „врела“. Се плашам дека тие на тоа ќе се осмелат“, рекол Горбачов.
