Горбачов: Катастрофална загубата на довербата меѓу Русија и Западот
Последниот претседател на поранешниот СССР, Михаил Горбачов, изјави денес дека во односите помеѓу Западот и Русија настапила „катастрофална загуба на довербата“, како и дека ширењето на НАТО на Исток создало безбедносна закана во Европа.
„Ширењето на овој блок на Исток го сруши европскиот безбедносен поредок потпишан во Завршниот акт од Хелсинки од 1975 година“, истакнал Горбачов во интервју за германскиот неделник „Шпигл“, пренесува „Тасс“.
Според неговите зборови, тоа е завртување на 180 степени и оддалечување од Париската повелба од 1990 година, која требаше да стави крај на „студената војна“.
„Сите предлози од руска страна, како што беше предлогот на Дмитриј Медведев, да се здружат силите и да се работи на нова безбедносна архитектура, се игнорирани. Сега ги гледаме резултатите од таквата пракса“, рекол Горбачов имајќи ги предвид затегнатите односи на Русија и Западот.
„Ако во сегашното напнато расположение попуштат нервите на некоја од страните, нема да ја доживееме наредната година“, додал Горбачов.
Одговарајќи на прашањето дало може во Европа да започне вистинска војна, Горбачов рекол дека „за тоа не треба ни да се размислува“.
„Таквата војна неизбежно би прераснала во атомска“, истакнал тој, пренесува руската агенција.
.
Слично
