ГОРАТ ФРАНЦУСКИТЕ ЗНАМИЊА, ГИ БРИШАТ ЛИ ПОСЛЕДНИТЕ ТРАГИ НА КОЛОНИЈАЛИЗМОТ? „Доста ни е“, порача и Сенегал
Толпа луѓе
излегоа на улиците во Сенегал за да го изразат своето незадоволство од Франција
и владата што таа ја контролира.
Насобраните сенегалски демонстранти го запалија француското знаме извикувајќи: „Заминувај Франција, доста ни е Франција“.
They are burning the dirty azz French flag in Dakar Senegal pic.twitter.com/ozA7CoKLGJ
— Eusi Ndugu (@EusiNdugu) August 2, 2023
Ова е втора африканска земја која го изразува незадоволството против Франција, откако минатата недела во Нигер се случи воен удар.
Западната воена интервенција во Нигер не доаѓа предвид, бидејќи тоа би била нова колонизација, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.
Од друга страна, Путин потпиша договор за соработка со повеќе од 48 африкански земји и рече дека Русија ќе им помогне да се ослободат од „трагите на колонијализмот“.
