Економија, финансии, бизнис

Контакт

Google патентира софтвер кој пишува автоматски статуси на социјалните мрежи

Google патентира софтвер кој пишува автоматски статуси на социјалните мрежи
Ако се чувствувате обземен од огромниот проток на информации на социјалните мрежи , наскоро може да добиете корисен помошник . Google успеал да патентира нов софтвер кој ќе пишува автоматски статуси и коментари на социјалните мрежи наместо корисниците , објави онлајн изданието Engadget . " Популарноста и употребата на социјалните мрежи и останатите типови електронска комуникација расте драматично во последниве години . Често им е тешко на луѓето да се во текот на сето и да одговараат на сите пораки кои ги примаат" , коментира компанијата во аргументите на документацијата за патентот. За да се намалат повредените срца и да се олесни комуникацијата помеѓу луѓето , софтверот на Google ќе ги " проучува " навиките и стилот на изразување на конкретниот корисник. Програмата ќе го анализира неговото онлајн однесување и потоа ќе може да е способна да пишува и објавува одговори од името на неговиот корисник. Идејата на Google е , софтверот да може да се справи во различни ситуации: промени на статусот , коментирање на клипови, слики , известувања и др. Крајната цел е напишаното од софтверот да се разликува од тоа на вистинскиот корисник. Од Google смируваат дека нивната програма нема да го превземе онлајн идентитетот на корисниците . Софтверот ќе го следи протокот на информации на социјалните мрежи и ќе генерира соодветни одговори за публикациите . Потоа ќе го обезбеди корисникот со линк и тој ќе може да ги прочита однапред и да се согласи дали подготвените одговори да бидат објавени од негово име. Интернет гигантот работи и во насока на подобрување на способностите на софтверот да оценува кои пораки се важни за коментирање и кои можат да бидат пропуштени .  
Слично

Поврзани вести