Google ќе го продолжува човечкиот живот
Google и официјално го најави својот најнов проект – Calico. Новата компанија ќе се фокусира на еден од најголемите проблеми на човештвото, а тоа се човековото здравје и благосостојбата. Особено целта на Calico е да се бори со стареењето на населението и сродните болести.
На чело на компанијата застанува еден од најпочитуваните лидери во Силиконската долина – Артур Левинсон, кој е претседател на бордот на директори на Apple и претседател и СЕП на Genentech.
Во официјалната најава Google не откриваат детали какво точно ќе биде работењето на компанијата, како и какви производи, услуги и проекти ќе развива.
Според зборовите на генералниот директор на Google, Лери Пејџ, станува јасно дека амбициите се “да се подобри животот на милиони луѓе со помош на долгорочен поглед на здравството и биотехнологијата”.
Слично
