Економија, финансии, бизнис

Контакт

Googlе и NASA во заеднички проект: Вештачка интелигенција!

Googlе и NASA во заеднички проект: Вештачка интелигенција!
Google откри дека истражувачки тим предводен од физичарот Џон Мартинис од Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара, ќе се приклучи на компанијата. Причината за тоа е подигнувањето на нов проект за изградба на нови квантни информатички процесори базирани на суперкомпјутерска електроника. Quantum Artificial Intelligence Lab е дел од заедничката работа на Google, NASA Ames Research Center и Universities Space Research Association, кои сакаат да ги испитаат можностите за примена на квантна оптимизација поврзана со вештачка интелигенција. Екипата на Quantum AI ќе има можност да тестира нови дизајни за квантна оптимизација и да создаде процесори, посочува директорот на Google задолжен инженерски прашања Хартмут Невн. Компанијата, која работи на проекти кои вклучуваат самоуправувачки автомобили и роботи се фокусира повеќе на вештачката интелигенција во изминатите години. Претходно во јануари интернет гигант на приватната компанија DeepMind Technologies кој функционира токму во сферата на вештачката интелигенција. Во август основачот на Tesla и Space-X Елен Муск откри дека гледа вистинска закана за човештвото во вештачката интелигенција. Според него има можност вештачкиот интелект да стане многу попаметен и од луѓето, а тоа би имало катастрофални резултати. K.K.
Слично

Поврзани вести