„Голиот Трамп“ се продаде за десетина илјади долари
Тоа што започна како протест на група на уметници се претвори во одлична можност за собирање на средства за добротворни цели. Ако се сеќавате во текот на летото кога се засили кампањата во Њујорк и повеќе големи американски градови беа поставени скулптури на Доналд Трамп кои служеа за да го исмејат поради расистичките и сексистичките ставови. Сега на аукција во Лос Анџелес една од статуите се продаде за 21.800 долари.

Организаторите прецизираа дека засега не се планира продажба на која било од другите голи статуи на Трамп бидејќи тие се голема атракција за туристите и минувачите кои се сликаат и прават селфи кога има герилски акции бидејќи властите ги забранија.
Слично
