Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Golf“ ја загуби титулата „најпродаван автомобил во Европа“

„Golf“ ја загуби титулата „најпродаван автомобил во Европа“

Во месец март оваа година, „Volkswagen Golf“, за прв пат по седум години ја загуби титулата "најпродаван автомобил во Европа".

Според податоците соопштени од компанијата „JATO Dynamics“, „VW Golf “ i ja отстапил првата позиција на „Ford Fiesta“.

„Fiesta“ го надминала „Golf“ со 468 продадени автомобили - 47 263 против 46 795. Другиот интересен факт е дека во изминатиот месец во Европа се регистрирани 1.93 милиони нови автомобили.

Тоа е раст со 10,8% во однос на истиот период од минатата година. Резултатот е рекорден за целата историја на набљудување на пазарите на „JATO Dynamics“.

Така Европа се претвора во вториот по сила пазар по Кина, која го надмина САД. Зад океанот, за истиот период, се продадени 1,5 милиони автомобили.

Слично

Поврзани вести