ГОЛЕМО СЛАВЕЊЕ ВО ИТАЛИЈА: По два дена спасени се две деца од затрупаниот хотел
Десетина спасувачи по 48 часа од затрупувањето на хотелот во Италија од снежна лавина, спасија две деца кои биле под урнатините.
Спасени се вкупно десет луѓе. Вкупно четири деца кои се сметаа за исчезнати се најдени и спасени, потврдија вчера од Црвениот крст.
Дете од 7 години и мајка му се извадени од под снегот во средата.
Во „воздушен џеб“ се најдени 6 преживеани.
„Ова е чудо“ - изјави за новинарите тетка на дете кое се сметаше за исчезнато, а беше пронајдено живо.
Марко Бани кој е спасувач вели дек потрагата продолжува и се надеваат дека ќе најдат уште луѓе.
Според проценките, во хотелот во моментот на несреќата имало триесетина луѓе, гости и персонал.
Слично
