Големо прашање: Кој ќе го наследи Путин на претседателскиот стол?
Сергеј Шојгу стана министер за одбрана на Русија во 2012 година и оттогаш руската армија е главен инструмент на Владимир Путин во надворешната политика, пишува „Економист“. Тоа се гледа насекаде - Крим, источна Украина, Сирија.
Експертите сметаат дека под раководство на Шојгу руската армија покажала способност за борба против, организираност и логистички вештини кои порано не биле за нив својствени.
Значи денешниот министер за одбрана не е само член на кабинетот, туку и еден од оние кои успеале да се задржат подолго во коридорите на власта во Кремљ. Шојгу влегува во вишиот ешалон на Русија уште во 1990 година, пред СССР да се распадне. Во тоа време никој не знаел кој е Владимир Путин.
Тој е помлад од рускиот претседател за три години и поседува репутација на човек кој може да се извлекува од тешки ситуации при тоа без да си создава непријатели. Помеѓу другите од кругот на Владимир Путин друг таков човек нема.
Единствениот минус му е дека не е од кругот на поранешните офицери од КГБ, кои одат заедно со Путин, туку е аутсајдер за кремљскиот управник. Според руските политиколози, тој е број два на влијание во моментов по шефот на администрацијата на претседателот Сергеј Иванов.
Значи комбинацијата од неговата лојалност кон Путин, неговата популарност и вештини се изработени од долгите години во власта го прават многу веројатен наследник на актуелниот руски претседател.
