Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА ОВИЕ РАБОТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА: Договорена исплата и на дополнителни 1.000 евра

ГОЛЕМО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА ОВИЕ РАБОТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА: Договорена исплата и на дополнителни 1.000 евра

Големо зголемување на платите на јавниот телевизиски сервис ЗДФ во Германија! На сите работници на неопределено и хонорарно работно време им се зголемиле платите за 4,71 отсто.

Оваа мерка ќе стапи во сила ретроактивно од 1 февруари. Тоа значи дека покачувањето на платата веќе е вкалкулирано во платата за месецот што претстои.

Зголемувањето на платата го одобри бордот на директори на ЗДФ, изјави портпаролот на ЗДФ за германските медиуми.

Претседател на одборот на директори е долгогодишниот премиер на Рајнланд-Пфалц, Малу Драјер. Во одборот е и политичарот на ЦДУ и шеф на владата во Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф, кој често ја критикуваше структурата на платите во минатото.

Не се знае кој како гласал во Управниот одбор. Од ЗДФ не сакаа да коментираат за точното гласање во комисијата.

Дополнителни 1.000 евра – но не за секого

Покрај покачувањето на платите, ќе има дури и посебна исплата од 1.000 евра за сите работници опфатени со колективни договори. Причина: затоа што новиот колективен договор доцна стапи во сила.

Меѓутоа, специјалната исплата ја добиваат само оние кои се вработени со колективен договор, што значи дека хонорарците и работниците платени надвор или над колективниот договор не ја добиваат - така што тие можат „само“ да се радуваат на зголемување на платите од 5 проценти.

Зголемени платите и за шефовите

Од зголемувањето нема да имаат корист само редовните работници, туку и врвните менаџери во ЗДФ.

Zweites Deutsches Fernsehen, ЗДФ, е германски телевизиски сервис со седиште во Мајнц.

Феникс магазин

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести