Големо невреме во Германија, шест мртви
Грмотевици, дожд и ветер од околу 144 километри на час, предизвикаа во оваа најбројна област со 18 милиони жители најголемо невреме во последните неколку години и голем број жртви, од кои еден маж загинал додека се обидувал да ја расчисти улицата за да помине.
Во оваа област било како во „воена зона“, ги пренесуваат германските медиуми изјавите на погодените луѓе, а ден после на улиците во многу места, посебно во Рурската област, може да се видат искорнати дрвја, срушени огради...
Германските медиуми до рани зори апелираа до луѓето да останат дома и да не излегуваат на улиците за да ги средуваат штетите што ги нанесол ветрот, да ги гледаат своите автомобили или да ја фотографираат состојбата.
Во оваа област се заканува и сообраќаен хаос, наведуваат медиумите и советуваат внимателност и избегнување на одредени правци, посебно кон Диселдорф, бидејќи полицијата работи на одредени препреки на патиштата.
Метроролозите јавуваат дека во текот на денот невремето ќе се прошири на средна и источна Германија.
