Економија, финансии, бизнис

Контакт

Големиот план на Меркел: Германија допрва ќе стане рај за работници

Големиот план на Меркел: Германија допрва ќе стане рај за работници

Канцеларката Ангела Меркел планира во Германија да ја намали стапката на невработеност под три отсто.

Тоа и онака силната економија би ја довело до нивоа на вработеност какво не е видено во Европа уште од седумдесетите години.

Нејзината демохристијанска унија заедно со Христијанската социјалистичка унија ветиле дека во економскиот програм во пресрет на септемвриските национални избори нема да ги зголемуваат даноците и дека ќе инвестираат уште повеќе.

Исто така, освен што планираат „да ја скинат невработеноста“ планираат и да го зголемат бројот на полицајци, да изградат нови станбени единици и да ја зголемат поддршката на семејствата.

Меркел во септември ќе се бори за четврт мандат, а откако пред неколку недели победи на локалните избори се зголемува предноста во однос на конкурентите.

Германската канцеларка планира до 2025 година невработеноста која сега изнесува 5,5 отсто, да ја сведе под три проценти.

„Уверени сме дека можеме тоа да го направиме“, рекла Меркел на конференцијата за новинари со лидерот на  Христијанската социјалистичка унија Хорст Сихофер при презентација на програмата која ја нарекле „Просперитет и сигурност за сите“.

Слично

Поврзани вести