Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМИ ТЕНЗИИ ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ, НАПАДНАТ И АМЕРИКАНСКИ РАЗУРНУВАЧ: Пентагон има информации

ГОЛЕМИ ТЕНЗИИ ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ, НАПАДНАТ И АМЕРИКАНСКИ РАЗУРНУВАЧ: Пентагон има информации

Американски воен брод и неколку комерцијални бродови биле нападнати денеска во Црвеното Море, соопшти Пентагон.

„Свесни сме за извештаите за напад на американскиот разурнувач УСС Керни и комерцијални бродови во Црвеното Море и штом имаме повеќе информации, ќе ги објавиме“, соопшти Пентагон, пренесе АП.

Во соопштението не е наведено од каде се нападите, но агенцијата потсетува дека јеменските Хути претходно извршија серија напади врз бродови во Црвеното Море и лансираа беспилотни летала и проектили насочени кон Израел.

Претходно во текот на денот, британски товарен брод бил погоден од проектил додека минувал низ Црвеното Море, соопшти компанијата за поморска безбедност Амбри.

„Британски товарен брод под знамето на Бахамите, беше погоден од проектил додека минувал теснец низ Црвеното Море, на околу 34,5 километри северозападно од Мока, Јемен“, соопшти компанијата Амбри, пренесува Еуроњуз.


Слично

Поврзани вести