Големи студентски протести во Романија
Големи студентски протести се одржаа во Романија каде илјадници студенти излегоа во главниот град Букурешт и во останатите поголеми градови и побараа шест проценти од бруто домашниот производ (БДП) да бидат одвоени за образованието.
Скандирајќи „Сакаме да учиме, а не да емигрираме“, „Без образование згаснува секоја нација“ и „Вие ги протеравте младите од земјата“, студентите се движеа по улиците на Романија, незадоволни од висината на средствата што државата ги дава за образованието. Исто така се лути и на барањето на властите до универзитетите за зголемување на образовните трошоци и за прекин на инвестициите кои треба да го подобрат квалитетот на образованието.
На протестот студентите побара зголемување на стипендиите и субвенциите за престојот и исхраната во студентските домови. Вакви протести има од јануари, но сеуште нема никаква реакција од надлежните институции, велат студентите.
Слично
