Големи протести и во Бангладеш
Илјадници луѓе протестираа денеска во Бангладеш во знак на 1-ви мај меѓународниот ден на трудот. Протестите кулминираа поради бесот на работниците од уривањето на една текстилана фабрика.
Повеќе од 400 лица загинаа во несреќата на периферијата на Дака. Демонстрантите бараат подобри услови за работа и сопственикот на зградата да биде казнет. Осум дена по трагедијата, која се случи во осумкатницата во градот Севар, во близина на главниот град Дака, сеуште како исчезнати се водат 149 лица.
Зградата, во која беа сместени тесктилни фабрики се урна на 24 април. Повеќе од 2.400 лица беа ранети во уривањето на зградата, во која освен текстилни фабрики имало и банка и продавници.
Протести беа одржани и во други делови на Азија.
Слично
