Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Жените во оваа строга земја сега ќе може да почнат бизнис без согласност на мажот

ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Жените во оваа строга земја сега ќе може да почнат бизнис без согласност на мажот

Саудијките од сега ќе може да започнат приватен бизнис без согласнот на машкиот дел на семејството во цел поттикнување на приватниот сектор во Саудиска Арабија. соопшти тамошната влада.

„Жените од сега ќе може да започнат сопствен бизнис без одобрение на тутор (маж во семејството)“, соопшти саудиското Министерство за трговија и инвестиција.

Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман минатата година покренал низа реформи како би го поттикнал учеството на жените во јавниот живот.

Целта на новите мерки е зголемување на учеството на жените во приватниот бизнис од 22 на 30 отсто до 2030 години.

Саудијките инаку се соочуваат со многу ограничувања, бидејќи не може да патуваат, студираат или извршуваат други активности без согласност на машкиот дел од семејството.

Слично

Поврзани вести