Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема продажба на Блекбери – ќе се враќа сјајот на култниот бренд

Нема продажба на Блекбери – ќе се враќа сјајот на култниот бренд
Компанијата Блекбери одлучи дека нема да биде продадена на својот најголемиот акционер - Холдингот Ферфакс (Fairfax) , јавуваат светските агенции. Компанијата планира да собере 1 милијарда долари преку конвертибилни акции на Fairfax и други институционални инвеститори , како дел од процесот на преструктуирање , кој предвидува извршниот директор Торстен Хајнс да ја напушти функцијата . Fairfax притоа ќе обезбеди 250 милиони долари од парите, објави ВВС . За претседател на одборот на директори и привремен извршен директор Блекбери го назначи Џон Чен и сега тој ќе одговара за спроведувањето на стратегијата на компанијата. Пред тоа Чен бил претседател на одборот на директори и извршен директор на Sybase Inc. Извршниот директор и претседател на одборот на Fairfax, Помес Ватца исто така ќе има улога во управувањето на компанијата. Тој ќе претседава со комитетот за номинации и управување . Ватца се враќа во одборот на директори , од кој замина , откако компанијата објави дека разгледува различни стратешки можности за развој , вклучувајќи и продажба. New York Times истакна дека веќе подолго време има скептицизам за тоа дали Fairfax ќе може да обезбеди финансирање за стекнување на BlackBerry . Џон Чен раководи со Sybase од 1998 година и успеа да ја спаси од банкрот , откако компанијата беше изгубила сериозен дел од бизнисот поради Oracle , IBM и Microsoft , а и поради влошената репутација. Во последно време Чен е познат како консултант на Silver Lake Partners , кои заедно со Мајкл Дел неодамна го добија Dell . Во септември компанијата најави отпуштање на 4.500 работници, или 40% од работната сила поради големиоте загуби. Според Чен, пред него стои голем предизвик, но како што изјави тој, потребно е време и тешки одлуки за култниот бренд Блекбери да го поврати успехот.
Слично

Поврзани вести