ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ НА ЛИСТАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ВО СВЕТОТ: На врвот уште Илон Макс, но кој е најголемиот губитник?
Илон Маск се уште
го држи првото место. Но, нестабилните акции на технолошките компании направија
големи промени на листата на првите 10 најбогати луѓе во светот, при што Марк
Цукерберг падна за едно место, а Ворен Бафет го претекна Бил Гејтс.
Нестабилните технолошки акции го сменија редот на повеќе од половина од 10-те најбогати луѓе во светот на крајот на јули. Како резултат на тоа, извршниот директор на Metа, Марк Цукерберг, го загуби местото како четврти најбогат човек во светот, паѓајќи за едно место, додека извршниот директор на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет, се искачи од десеттото место минатиот месец, па почнувајќи од вчера, 1. август тој е на седмата позиција како резултат на зголемувањето на богатство од речиси 10 милијарди долари.
Бафет беше еден од двајцата мажи меѓу 10-те најбогати чие богатство се зголеми во последниот месец. Вториот, кој беше и најголемиот добитник, беше Илон Маск, сè уште најбогатиот човек на светот. Растот на цената на акциите на Tesla од 1отсто во последниот месец го зголеми богатството на Маск за 19 милијарди долари, на речиси 241 милијарди долари од полноќ на 1 август.
Најголем губитник на оваа елитна групација во последниот месец беше францускиот магнат за луксузни производи Бернар Арно, кој беше најбогатиот човек во светот од февруари до крајот на мај. Неговото богатство падна за нешто повеќе од 14 милијарди долари бидејќи акциите во неговата групација LVMH паднаа за 9 отсто во текот на месецот. Сепак, тој го задржа своето место како трет најбогат во светот, со проценето богатство од 179,5 милијарди долари.
Поранешниот извршен директор на Мајкрософт, Стив Балмер, чие богатство падна за 6,7 милијарди долари во последниот месец, падна за едно место на десеттото, бидејќи акциите на Мајкрософт паднаа за 6 отсто.
Заедно, 10-те најбогати луѓе во светот имаат вкупно богатство од 1,63 трилиони долари - околу 25 милијарди долари помалку од минатиот месец.
